Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДС и ДУИ оставаа кризи, долгови и блокади, оваа Влада докажа дека знае како да работи за државата и граѓаните
Објавено пред
50 минути
- 19 јуни, 2026
„Додека СДС и ДУИ оставаа кризи, долгови и блокади, ВМРО-ДПМНЕ донесе стабилност, развој и конкретни резултати кои денес ги чувствуваат граѓаните. За две години ВМРО-ДПМНЕ покажа што значи одговорно и посветено владеење базирано на резултати. Со историски рекордни 1,255 милијарди евра инвестиции и најсилниот инвестициски циклус во поновата историја, Македонија повторно се гради и се развива“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во моментот работи на реализација на шест нови автопатски делници кои треба да бидат завршени до крајот на 2027 година, а во следната деценија се предвидени 10 милијарди евра капитални инвестиции во патната и железничката инфраструктура.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите, затоа што тие се иднината на Македонија. Се обновуват студентски домови, се обезбедија ваучери за електронски уреди. Се отвораат можности за нови бизниси и создаваат услови младите својата иднина да ја гледаат и градат дома.
Доделени беа 55,000 ваучери за електронски уреди во вредност од 250 евра, 10 илјади евра за отпочнување на сопствен бизнис со Оперативниот план за 2025 година, а тоа ќе продолжи и оваа година, доделени беа 10 илјади евра за млади земјоделци, се прошири опсегот за субвенционираниот студентски оброк. Ова се показателите дека Владата се грижи за младите да можат да градат иднина дома.
Во изминатиот период се зголемија платите и пензиите, ја зајакнувме економијата и седум квартали по ред бележиме економски раст над 3 проценти. Истовремено градиме нови градинки, училишта, здравствени установи, спортски сали и патишта, додека враќаме наследени долгови во просек од над 2 милијарди евра годишно.
ВМРО-ДПМНЕ докажа дека знае како да работи за државата и граѓаните. Докажа дека националните интереси немаат цена и дека Македонија може да има власт која не капитулира кога се во прашање достоинството, идентитетот и интересите на народот.
Денес Македонија не стои во место. Македонија се движи напред. Македонија забрзува.
Македонија забрзува а тоа е и наша обврска да продолжиме уште посилно, уште поодлучно и уште поодговорно да работиме за повисок животен стандард, силна економија, нови можности и модерна европска Македонија.
Резултатите се видливи. Разликата е очигледна. Македонија забрзува“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Нова козметичка операција на тендер коалицијата наречена ‘реконструкција на Владата’“, вели СДСМ
Објавено пред
1 час
- 19 јуни, 2026
„Организирната криминална група ВМРО и ЗНАМ, тендер коалиција, ќе одржат средба за реконструкција на Владата. Нова козметичка операција на тендер коалицијата која веќе две години ја држи Македонија во економски и политички колапс. Наместо вистински реформи и одговорност, добиваме само шминка на Владата и мачкање очи на народот“, велат од СДСМ.
„ЗНАМ, партија која практично престана да постои, која изгуби пратеник, советници и која се распаѓа пред очите на јавноста, сега излегува со став дека се „задоволни од работењето на нивните функционери“.
Прашањето е едноставно: Кој работи во ЗНАМ кога таму повеќе нема никого? Единственото нешто што ЗНАМ и нивните кадри одлично го работат во изминативе две години се тендерите и парцелите.
Тендери за свои блиски, тендери за советници, парцели со земјиште, тендери без контрола и без одговорност. Сè друго – од економија, до европски пат, е целосен неуспех.
Наместо реконструкција која ќе значи промена, добиваме театарска претстава во која Мицкоски и неговите сателити се обидуваат да ја продолжат истата политика на долгови, сиромаштија и изолација.
Граѓаните не сакаат нова шминика. Сакаат вистинска одговорност и вистински резултати“, соопшти СДСМ.
Македонија
Одземено „Порше“, уапсен 30-годишник од Србија кој возел со 188 километри на час
Објавено пред
4 часа
- 19 јуни, 2026
Вчера во 18:20 часот, на автопатот Куманово–Скопје, кај клучката „Рафинерија“, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода 30-годишниот Б.С. од Република Србија.
При контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „Порше“ со српски регистарски ознаки, управувано од Б.С. По извршеното мерење било констатирано дека возачот се движел со брзина од 188 километри на час, на делница каде што со сообраќаен знак максимално дозволената брзина е ограничена на 100 километри на час, извести МВР.
Поради сторениот прекршок, возилото е одземено, лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица за понатамошна постапка.
Управувањето со моторни возила со брзина поголема од пропишаната претставува една од главните причини за случување сообраќајни незгоди, кои често резултираат…
Read the full article at Makfax →