Спорт
Барселона преку Фуксе Берлин до титулата во ЛШ
Објавено пред
9 минути
- 14 јуни, 2026
По феноменален финален натпревар, ракометарите на Барселона успеаја да го победат Фуксе Берлин – 37:34 (20:16) и 13-ти пат во клупската историја стнаа европски шампиони. Од друга страна, Берлин втора година по ред дожива пораз во финалниот меч. Најдобриот ракометар во светот, Матијас Гидсел, се уште нема титула во најсилното клупско натпреварување.
Барселона во целост го контролираше натпревар, стекна предност од два гола во раната фаза, а на полувреме разликата беше четири гола во корист на Каталонците. Клуч за предноста на Барселона беше извонредната одбрана врз Гидсел, кој во првиот дел постигна само еден гол.
Клучната предност, Барселона ја направи на стартот од второто полувреме, кога во 34-та минута стекна предност од шест гола. Берлин се обиде, се доближи на негатива од два гола, но не успеа да направи пресврт, благодрение на грешките и брилијантниот голман Нилсен.
Дуелот на голманите беше исто така интересен, Нилсен имаше 17, а Милосављев 13 одбрани, но Данецот на голот на Барселона бранеше во клучните моменти, кога Берлин опасно се закани.
Стрелците кај Барселона ги предводеше Луис Фраде со седум, Алеиш Гомез со шест, Блаж Јанц и Домен Макуц со по пет, Дика Мем со четири гола. Кај Берлин, Матијас Гидсел постигна осум гола, Ласе Андерсон и Тим Фрајхофер по седум, Нилс Лихтелајн шест гола.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Голот на Комененсија ги налути Германците, испорачаа седум гола во мрежата на Курасао
Објавено пред
33 минути
- 14 јуни, 2026
Германската фудбалска репрезентација го отвори Светското првенство со убедлив триумф над дебитантот Курасао со 7:1.
Уште од самиот почеток беше јасно дека станува збор за дуел помеѓу екипи со различен квалитет – „Панцерите“ влегоа како апсолутни фаворити против дебитантите и една од најмалите фудбалски екипи на турнирот, но Курасао, и покрај ова, покажа борбен дух и успеа да остави трага во историјата.
Токму со голот на Комененсија беше постигнат првиот гол во историјата на Курасао на светските првенства, откако претходно Нмеча ѝ донесе водство на Германија по шест минути игра.
Сепак, тоа беше единствениот момент на радост за аутсајдерот, кој остана без одговор на офанзивната моќ на противникот до крајот на натпреварот. Радоста не траеше долго, бидејќи Германија веднаш продолжи со притисокот. По корнерот на Натаниел Браун, Нико Шлотербак остана сам во шеснаесетникот и со глава го врати водството на селекцијата на Јулијан нагелсман. Пред паузата, беше видена уште една потврда за германската супериорност. По досудениот пенал, Каи Хаверц беше безбеден од белата точка и ја однесе својата селекција на потивок одмор со двојна предност.
Во второто полувреме, Германците постигнаа уште четири гола, стрелци беа Мусијала, Браун, Ундав и Хаверц.
Foto/ EPA
Спорт
Прва победа за Хамилтон во Ферари, катастрофа за Антонели
Објавено пред
5 часа
- 14 јуни, 2026
Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон ја освои својата прва победа во Ферари, славејќи на Големата награда на Барселона, седмата трка од овогодинешното првенство во Формула 1. За хамилтон ова е седма победа во кариерата, на патеката во Барселона.
На патеката „Каталуња“, Хамилтон го забележа својот прв триумф по 685 дена и трката во Белгија, кога ја забележа својата последна победа зад воланот на Мерцедес, по дисквалификацијата на неговиот тогашен тимски колега, Џорџ Расел.
За Британецот, првата победа во Ферари е 106-та вкупно во неговата кариера, а тој стана и 11-от возач кој стигна до највисокото ниво на подиумот со три тима во Формула 1. Во таа избрана група се, меѓу другите, Кими Раиконен, Фернандо Алонсо, Себастијан Фетел, Нелсон Пике и Ники Лауда.
Возачот на Ферари ја прекина победничката серија на Мерцедес, Расел победи во првата трка, а Андреа Кими Антонели потоа беше незапирлив во претходните пет трки.
Младиот Италијанец од трката сеповлече на четирир круга до крајот, поради дефект. Антонели во тој момент ја држеше втората позиција, а поради таа ситуација трката речиси заврши зад виртуелното безбедносно возило.
На крајот, Британецот славеше пред Расел, кој заостануваше повеќе од 20 секунди на целта, додека актуелниот шампион Ландо Норис беше на третото скалило од подиумот.
Хамилтон сигурно ја возеше својата најдобра трка зад воланот на Ферари во Каталуња, а одличната стратегија и околностите му помогнаа да ја искористи можноста.
Британецот менуваше гуми три пати, а голема „помош“ доби од Ферандо Алонсо, кога тој се повлече од трката, возачите возеа под виртуелното безбедносно возило, па Хамилтон доби бесплатен пит-стоп.
Од тој момент, седумкратниот светски шампион само ја зголеми својата предност и никој не можеше да го запре до крајот на трката.
Следната трка во Формула 1 е Големата награда на Австрија од 26 до 28 јуни.
Foto/ EPA
Read the full article at Makfax →