Македонија
Сончеви периоди и температури до 34 степени, попладне нестабилно време
Објавено пред
4 часа
- 17 јуни, 2026
Времето утре ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди и умерен до засилен ветер од северен правец, кој во источните делови на земјата повремено ќе достигнува брзина до 40 километри на час.
Утринските температури ќе се движат од 9 до 18 степени, додека дневните ќе достигнат од 26 до 34 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе изнесува околу 15 степени, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Според прогнозата, од утре до почетокот на следната седмица претпладневните часови ќе бидат претежно сончеви со променлива облачност.
Поради зголемената нестабилност во атмосферата, во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме, особено во југоисточните делови од државата.
Македонија
Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија, задржан спорниот дел за историјата
Објавено пред
4 часа
- 17 јуни, 2026
Европскиот парламент го усвои извештајот за напредокот на Северна Македонија.
Истовремено, не помина Амандманот 3, предложен од известувачот за Македонија Томас Вајц, со кој се бараше бришење на ставот 73 од резолуцијата. Наместо тоа, мнозинството европратеници одлучија спорниот текст да остане дел од конечниот документ.
Во ставот 73 Европскиот парламент ја повикува Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија да постигне јасни и опипливи резултати. Притоа се наведува дека толкувањето на историските факти и личности од заедничката историја на двата народа треба да се темели на објективни, автентични и со докази поткрепени историски извори и документи, во согласност со Вториот протокол од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.
„Извештајот детално ги разгледува областите во кои се постигнува напредок и покажува дека земјата јасно се движи по патот кон Европската Унија. Истовремено, нагласува дека сè уште се потребни одредени реформи“, изјави Вајц.
Во документот се посочува дека Северна Македонија заостанува во владеењето на правото, додека уставните измени и понатаму остануваат услов за продолжување на пристапниот процес.
Во конечната верзија на извештајот се наведува дека, и покрај одреден напредок, реформската агенда се спроведува бавно, а институционалните слабости и недостигот од политичка волја ја намалуваат довербата во системот. Посебен акцент е ставен на владеењето на правото, реформите во правосудството и борбата против корупцијата.
Македонија
Герасимовски: По „Киро Глигоров“, фотоволтаици и во училиштата „Коле Неделковски“ и „Гоце Делчев“, пониски сметки за струја и поодржлив Центар
Објавено пред
5 часа
- 17 јуни, 2026
„Првите чекори кон енергетската транзиција во Општина Центар започнаа уште во 2023 година со формирање на ТД ‘Енергија Центар’ , првото општинско енергетско претпријатие во државата. Така ја започнавме нашата локална стратегија за енергетска независност и самоодржливост,“ рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во обраќањето на тркалезната маса „Зајакнување на конкурентноста“, во организација на Finance Think.
Тој нагласи дека стратегијата, поттикната од енергетската криза, веќе дава конкретни резултати преку реални инвестиции во училиштата и јавната инфраструктура.
Покрај реализираните фотоволтаични системи во ООУ „Киро Глигоров“, посочи Герасимовски, Општина Центар планира нови системи во ООУ „Коле Неделковски“ и ООУ „Гоце Делчев“ за што се обезбедни финансиски средства.
„Ефектите се многу реални: намалени трошоци за електрична енергија, поголема енергетска сигурност и поефикасно користење на јавните ресурси. Секој заштеден денар од енергијата се враќа назад во образованието, спортот, културата и услугите за граѓаните. Сакам Центар да биде препознаен како општина која не само што ги следи европските трендови, туку и ги поставува стандардите за другите локални самоуправи во државата,“ рече Герасимовски.
Управителот на ТД „Енергија Центар“, Игор Бимбилоски, истакна дека процесот на енергетска транзиција носи резултати, но и одредени предизвици.
„Најчесто тие се во делот на административните процедури и координацијата со институциите, но тоа нè прави уште пофокусирани и поодлучни да продолжиме со реализација на проектите,“ посочи тој.
Бимбилоски порача дека „Енергија Центар“ претставува нов модел на локален развој, насочен кон поефикасно управување со енергијата и поодржлив урбан развој за идните генерации.
Read the full article at Makfax →