Македонија
(Видео) Филипче: Мицкоски нема резултати, затоа тера кампања на конфликти и поделби
Објавено пред
1 минута
- 18 јуни, 2026
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес конференција рече дека по две години власт на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, граѓаните живеат полошо, економијата е ослабена, а европскиот пат е целосно закочен и додаде дека Мицкоски нема никаков резултат и затоа тера кампања на конфликти и поделби.
„Оваа власт ниту има визија, ниту капацитет, ниту знаење како да ги менаџира работите, согласно тоа нема никаков резултат. Ветеното пред граѓаните пред скоро две години нема исполнето ниту 20%. А граѓаните тоа секојдневно го чувствуваат, поради тоа што паричниците веќе им се празни, исто како и фрижидерите“, истакна Филипче.
Тој нагласи дека единственото што расте во државата се долговите, додека животниот стандард опаѓа, а младите масовно ја напуштаат земјата.
„Изминатите две години единствено нешто што е зголемено се долговите на државата. Падна животниот стандард, сиромаштијата е во пораст, луѓето, посебно младите, сѐ повеќе се иселуваат“, рече Филипче.
Кога власта нема резултати таму каде што граѓаните најмногу ги очекуваат – во економијата и квалитетот на животот – прибегнува кон старата тактика на поделби и конфликти.
„Тука доаѓам до клучното, а тоа е дека кога нема испорака и нема никакви резултати таму каде што најмногу треба, а тоа е во квалитетот на живот на граѓаните, што се прави? Нормално, тоа што го прави секоја популистичка влада, како оваа на чело со Христијан Мицкоски, а тоа е дека се тера кампања на конфликти, на поделби, на креирање надворешни непријатели, идентификување на внатрешни предавници“, порача Филипче.
Претседателот на СДСМ оцени дека власта намерно ја користи темата за идентитетот за да го прикрие сопствениот неуспех во економијата и европските интеграции.
„Се претставува европскиот пат како некое загрозување на нашиот идентитет, со што луѓето се исплашени. Се користи истата приказна со која настапија на изборите во 2024 година – дека тие се големите патриоти кои ќе го одбранат идентитетот и дека Европа е таа што го загрозува. Тоа не е голема лага. Апелирам граѓаните да не подлегнат повторно, како пред две години, на неговиот трик. Да не подлегнат на овие националистички, популистички говори, затоа што единствено нешто кон што оваа лажна реторика води е изолација и сиромаштија“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција.
Македонија
Од прва приватна микробиолошка лабораторија до дел од Medicover: Синево Македонија одбележа 25 години грижа за пациентите
Објавено пред
21 минута
- 18 јуни, 2026
Синево Македонија одбележа 25 години постоење, јубилеј што претставува значајна пресвртница не само за компанијата, туку и за развојот на современата лабораториска дијагностика во земјата. По тој повод беше организиран свечен настан на кој присуствуваа лекари, здравствени работници, деловни партнери, соработници, пријатели и вработени кои во различни периоди биле дел од развојот на компанијата.
Осврнувајќи се на изминатите 25 години, д-р Маја Тодоровска, управител и генерален менаџер на Синево Македонија, истакна дека најголемото достигнување на компанијата не се технологиите, инфраструктурата или бројките, туку довербата што пациентите и лекарите ја укажуваат секој ден.
„Во овие 25 години научивме дека зад секој лабораториски резултат стои човек. Стои нечие прашање, нечие очекување, понекогаш грижа, а понекогаш и олеснување. Токму затоа нашата работа никогаш не ја гледавме само како лабораториска услуга, туку како одговорност кон пациентите и лекарите кои ни го доверуваат најважното, своето здравје. Горди сме што бевме дел од развојот на лабораториската дијагностика во Македонија, но најмногу на довербата што ја добивме од генерации пациенти. Таа доверба е причината поради која постоиме и нашата најголема обврска за иднината“, изјави д-р Тодоровска.
Приказната на компанијата започнува во 2001 година со основањето на Адриалаб, една од првите приватни биохемиски и првата приватна микробиолошка лабораторија во Македонија. Водена од визија за воведување современа, сигурна и достапна лабораториска дијагностика според највисоките професионални стандарди, компанијата низ годините континуирано инвестираше во нови технологии, стручна експертиза и унапредување на услугите.
Во 2007 година компанијата станува дел од Synlab International, а во 2013 година ја добива акредитацијата ISO 15189, станувајќи првата акредитирана медицинска дијагностичка лабораторија во земјата. Денес, Синево Македонија е дел од Medicover, една од водечките меѓународни здравствени и дијагностички групации присутна во повеќе од 20 земји.
Во текот на изминатите две и пол децении, Синево Македонија има значајна улога во модернизацијата на лабораториската дијагностика и подигнувањето на стандардите во оваа област. Преку воведување современи технологии, меѓународни стандарди за квалитет и постојани инвестиц…
Read the full article at Makfax →