Спорт
(Видео) Спектакл во Далас, Англија ја победи Хрватска
Објавено пред
8 минути
- 18 јуни, 2026
Првото вистинско дерби на Светското првенство ги оправда очекувањата. На стадионот во Далас, во Л групата, Англија ја победи Хрватска со 4:2.
Хрватите на „Гордиот Албион“ му се спротивставија само во првото полувреме, кога максимално ги користеа своите шанси и од два шута постигнаа два гола. Вториот дел мина во целосна доминација на Англија, особено во првите 15 минути, кога Ливаковиќ со неколку спектакуларни интервенции спречи тежок пораз на својата репрезентација.
Започна со грешката на Модриќ и фаулот врз Мадуеке. Кејн во 12-та минута два пати го шутираше пеналот. Од втора погоди за 1:0.
Возврати Хрватска во 36-та минута со спектакуларниот гол на Батурина. Англичаните шест минути подцна ја вратија предноста, кога по корнерот на Рајс, Кејн остана сам на 10 метри од голот и лесно реализираше.
Хрватите во текот на целиот меч имаа проблем да ги бранат корнерите, речиси секој удар од аголот носеше и шанса за гол на противникот.
Хрватска повторно се врати во мечот во последните секунди од првиот дел, кога луцидната асистенција на Перишиќ, Муса го совлада Пикфорд.
Вториот дел започна со урагнски напади на Англија. По 90 секунди, Белингем трет пати и донесе предност на својата репрезентација. Опсадата на голот на Англија продолжи, а Ливаковиќ го одбрани својот гол по ударите на Рајс, Кејн, Белингем, О’Рајли, Гордон.
Точка на победата на Англија стави Рашфорд во 85-та минута.
Foto/ EPA
Спорт
Навивачите лути на Роналдо
Објавено пред
2 часа
- 17 јуни, 2026
Португалија во првото коло од Светското првенство 2026 одигра 1:1 против ДР Конго. Португалците добро го отворија натпреварот и поведоа уште во шестата минута, кога Жоао Невеш погоди со глава. Сепак, ДР Конго постојано се закануваше во текот на првото полувреме, а непосредно пред паузата Јоане Виса со удар со глава израмни на 1:1.
Во второто полувреме Португалија повеќе ја контролираше топката, но не создаде многу сериозни шанси, додека Конгоанците беа опасни од контранапади. Натпреварот заврши без победник, а африканската селекција освои историски прв бод на светските првенства.
Сите погледи беа вперени кон Кристијано Роналдо, но португалската ѕвезда не успеа да остави поголем белег на натпреварот. Според податоците на Би-Би-Си Спорт, до полувремето ја допрел топката само 16 пати и не упатил ниту еден удар кон голот.
Во вториот дел конечно се закани пред 70. минута, но шутираше покрај голот. Неколку моменти подоцна пропушти уште една добра можност од непосредна близина. И покрај тоа, селекторот Роберто Мартинез го остави на теренот до крајот на натпреварот.
Роналдо натпреварот го заврши со оценка 6,2 според „Софаскор“, што беше најниска оценка меѓу португалските фудбалери, заедно со Бернардо Силва, кој беше заменет на полувремето.
Последен пат пониска оценка за Португалија имал на Светското првенство пред четири години против Јужна Кореја, кога добил оценка 5,6.
На мечот против ДР Конго имаше само три обиди кон голот, од кои ниту еден не заврши во рамките на голот. Топката ја допре 25 пати, што е помалку и од голманот Диого Кошта, кој имаше 37 контакти.
Настапот на Роналдо предизвика бројни негативни реакции на социјалните мрежи.
„Роналдо е смешен, целосно исчезна од теренот“, напиша еден навивач.
Друг оцени дека тој е „лоша среќа за оваа репрезентација“, додека трети смета дека легендарниот напаѓач повеќе не треба да биде стартер и треба да започнува натпревари од клупата.
Имаше и коментари дека Роналдо и Бернардо Силва се веќе премногу стари и го забавуваат остатокот од тимот, како и дека цел свет може да види дека португалскиот капитен не е во препознатлива форма.
Еден навивач забележа дека Роналдо лошо реагирал во една ситуација во која требало да му ја препушти топката на Бруно Фернандеш, додека друг напиша дека тој бил најслабиот португалски фудбалер на теренот.
Спорт
(Видео) Португалија разочара, ДР Конго заслужено до бод против фаворитот
Објавено пред
3 часа
- 17 јуни, 2026
ДР Конго ја шокираше Португалија и освои бод во натпреварот од првото коло од Групата К на Светското првенство. Натпреварот заврши со резултат 1:1.
Сензација во Хјустон можебие само резултатот, но тој е реален според се она што се случуваше на теренот.
Португалија ја имаше топката, со бескрајни додавања, се обидуваше, но не успеа да ја пробие организираната одбрана на Конго.
Идеално започна мечот за фаворитот. По центаршутот на Нето, најнискиот на теренот, Жоао Невеш со глава погоди во шестата минута. Се обидоа потоа Португалците да притиснат уште повеќе, но не зодадоа шанса до крајот на мечот.
Како одминуваше натпреварот Конго излегуваше понапред, а Виса ја шокира Португалија во петтата минута од судиското надополнување на времето во првиот дел.
Второто полувреме се играше по речиси исто сценарио како првото, со таа разлика што играчите на Конго не играа бункер. Се обидуваа,…
Read the full article at Makfax →