Спорт
Каролина го освои Стенли Купот
Објавено пред
6 минути
- 15 јуни, 2026
Каролина Хјурикенс се шампиони на НХЛ. Тимот од Северна Каролина стигна до Стенли Купот со победа во серијата против Лас Вегас со 4:2, а се покажа дека го добија решавачкиот шести натпревар на гостински терен со резултат од 3:0.
На овој начин, по точно 20 години, Каролина го врати пехарот во витрините. Тие ја освоија својата прва титула од 2006 година.
Хјурикенс ги загубија првите два натпревари од серијата, но потоа со четири последователни победи направија пресврт за конечен триумф.
Во Невада, мрежата ја маѓепса голманот Брендон Бузи, кој одбрани 22 удари кон својот гол. Од другата страна, напаѓачите одлично се снаоѓаа и постигнаа по еден гол во секоја третина.
Тејлор Хол беше првиот што се запиша во листата на стрелци. Поранешниот прв избор на драфтот постигна гол по само четири минути.
Предноста ја удвои Блејк во средината на вториот дел, а конечниот резултат го стави во празна мрежа Данецот Николас Елерс.
За најкорисен играч (MВП) од финалната серија е прогласен ветеранот Џордан Стал, кој постигна исто шест голови во исто толку натпревари, во финалната серија.
Спорт
(Видео) Диало го расплака Еквадор, Шведска го декласира Тунис
Објавено пред
19 минути
- 15 јуни, 2026
Фудбалерите на Брегот на Слоновата Коска го победија Еквадор со 1:0 (0:0) во натпреварот од првото коло од Групата Е на Светското првенство, додека во Групата Ф, Шведска го декласира Тунис со 5:1.
Натпреварот во Филаделфија, пред речиси 60.000 навивачи на Еквадор, беше решен во 90-та минута.
Целиот натпревар беше полн со интензитет, ритам и динамика, а тоа донесе многу шанси на двете страни, вклучувајќи и удари кон голот. Еквадор три пати ја погоди рамката, „Слоновите“ еднаш.
Кога сите се помирија со фактот дека мечот ќе заврши без постигнат гол, „Слоновите“ изведоа молскавична контра.
Стартниот стопер, Синго, кој подоцна се префрли на позицијата десен бек, се проби на десната страна, истрча со топката речиси 70 метри, а потоа непречено му сервираше на Дијало, кој ја потврди својата класа со еден потег и донесе голема радост на својата нација.
Во второто коло, Брегот на Слоновата Коска ќе игра против Германија во сабота во 22:00 часот во Торонто, додека истата вечер во 02:00 часот Еквадор ќе се сретне со Курасао во Канзас.
Во Ф групата, Шведска со два гола на Ајари и Ѓокереш, односно гол на Свамберг го растури Тунис со 5:1. Според прикажаното Тунижаните не заслужија толку убедлив пораз. Иронијата е дека првиот и последниот гол за Шведска ги постигна Ајари, кој требаше да игра за Тунис, бидејќи неговите родители се од оваа земја. Сепак тој реши да го носи дресот на Шведска, поади што не ги прослави головите.
Во следното коло, Шведска ќе игра против Холандија во сабота во 19:00 часот, а Тунис ќе се натпреварува против Јапонија следниот ден наутро во 6:00 часот.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Холандија и Јапонија ремизираа во дербито на една од најсилните групи на СП
Објавено пред
9 часа
- 15 јуни, 2026
Фудбалерите на Холандија и Јапонија одиграа нерешено, 2:2, во натпреварот од првото коло од Групата Ф на Светското првенство.
На стадионот во Далас, Холандија и Јапонија одиграа две различни полувремиња, првото беше здодевно, а второто донесе вистинска експлозија, зачинето со непрекидното навивање на јапонските навивачи.
Почетокот на натпреварот не наговестуваше дека првото полувреме ќе биде толку здодевно. Мален имаше добра шанса, но Сузуки лесно ја отстранува опасноста.
И после тоа… Речиси ништо. Минаа 30 минути пред да се случи нешто. Јапонците ја создадоа својата шанса, но реализацијата беше многу лоша.
Во 33-та минута, Холанѓаните ја имаа можеби најдобрата шанса, кога Мален ја украде топката и се упати кон јапонскиот гол, но извлече само орнер, а потоа неговиот удар го одбрани Сузуки.
Во последните две минути, Јапонија имаше две полушанси, Камада шутираше покрај голот, а потоа Уеда ја погоди надворешната страна од мрежата.
Второто полувреме беше неспоредливо подобро, поинтересно, со многу повеќе темпо. Во 51-та минута, Холандија успеа да поведе кога Вирџил ван Дајк погоди по нафрливањето на Дамфрис.
Следеше уште една опасна можност за момците во портокалови дресови, а кога не беше искористена, Јапонија одговори – Накамура постигна гол во 57-та минута и го израмни резултатот на 1:1.
Холанѓаните не застанаа тука – Самверил одлично се снајде и во 64-та минута го постигна вториот гол за Холандија на овој натпревар.
Холанѓаните потоа имаа голема шанса преку Гакпо и упте неколку опасни напади, но резултатот не се смени.
Јапонците во последните 15 минути целосно ја презедоа иницијативата, имаа неколку шанси и полушанси, но израмнувачкиот гол дојде во претпоследната минута.
По корнерот Огава највисоко скокна, шутираше, топката удри во главата на Камада и заврши во мрежата на Вербруген.
Вториот меч во оваа група од 4 часот ќе го одиграат Шведска и Тунис.
Foto/ EPA
Read the full article at Makfax →