Спорт
Сестрите Вилијамс ќе играат на Вимблдон
Објавено пред
2 часа
- 16 јуни, 2026
Серена и Венус Вилијамс добија специјална покана од организаторите на Вимблдон да настапат на овогодинешниот турнир во двојки.
Серена Вилијамс, која има 44 години, неодамна се врати на натпреварувањата по речиси четиригодишна пауза, додека нејзината постара сестра Венус сè уште повремено се натпреварува на професионално ниво. Венус полни 46 години во среда.
Сестрите Вилијамс заедно освоија 14 Гренд слем титули во двојки, вклучувајќи шест трофеи на Вимблдон.
Тие го освоија Лондонскиот Гренд слем за прв пат во 2000 година, додека последната титула на трева ја освоија во 2016 година.
Back together, at Wimbledon 💚💜
Serena and Venus Williams will compete in the Ladies’ Doubles at The Championships 2026 pic.twitter.com/xrOV0yeBCJ
— Wimbledon (@Wimbledon) June 16, 2026
Минатата недела на турнирот „Квинс“ во Лондон, Серена победи во двојки заедно со Викторија Мбоко, што беше нејзин прв официјален натпревар по долго отсуство од теренот.
Последниот пат кога Серена и Венус играа заедно во двојки беше на Отвореното првенство на САД во 2022 година, кога беа поразени во првото коло.
Тоа беше нивниот прв заеднички настап по пауза од четири и пол години.
На турнирот во Квинс, Серена и Викторија Мбоко го поминаа првото коло, но подоцна мораа да се откажат поради повреда на коленото на младата Канаѓанка.
Foto/ Depositphotos
Спорт
Претседателот ги однесе љубовницата и сопругата на Светското првенство, на сметка на Бразилската конфедерација
Објавено пред
3 часа
- 16 јуни, 2026
Самир Сауд, претседател на фудбалската федерација на Бразил, се најде во центарот на скандал откако од Њујорк се појавија негови фотографии со жена за која се вели дека е негова љубовница. Сауд е во брак со Наталија Лопес 20 години, со која има три деца.
Фотографијата што ја започна лавината е направена во ресторан на Менхетен. На неа, Сауд е добро расположен во друштво на атрактивна жена, идентификувана како фитнес тренер, Кристина Андраде, додека пијат вино.
🚨Foto do presidente da CBF, Samir Xaud, com uma amante, divulgada por Léo Dias.
Ele tem um casamento de 20 anos e 3 filhos com Natália Lopes. pic.twitter.com/ULZ3Mthi6E
— POPTime (@poptime) June 15, 2026
Сепак, аферата не е само од љубовна, туку и од деловна природа. Новинарот Лео Диас, кој прв ја објави фотографијата, тврди дека скандалот има и финансиска позадина.
Според него, Сауд го финансирал патувањето во Соединетите Држави со средства од Бразилската фудбалска конфедерација, наводно и за неговата сопруга и за неговата љубовница.
Бразил се мачи на почетокот на првенството на теренот, а останува да се види колку аферата надвор од теренот ќе влијае на игрите во продолжението на Светското првенство.
Foto/ Depositphotos
Спорт
Шортс подготвен за преселба во Шпанија
Објавено пред
3 часа
- 16 јуни, 2026
По неуспешната епизода во Панатинаикос, Американецот со македонски пасош,Ти Џеј Шортс наскоро треба да стане новиот кошаркар на Валенсија.
Според информациите од грчкиот портал „СДНА“, американскиот плејмејкер ги договорил сите услови со „портокаловите“ и ќе биде замена за Жан Монтеро, кој заминува во Олимпијакос.
Плејмејкерот го воодушеви Стариот континент во својата дебитантска сезона во елитното натпреварување, каде што го водеше тимот на Париз до плејофот со 18,7 поени, 2,7 скока и 7,5 асистенции по натпревар. Тоа му донесе профитабилен договор со „зелените“, но таму се најде во немилост на тренерот Ергин Атаман. Не добиваше соодветна минутажа и беше повеќе фактор од клупата, што не му одговара на играч од неговите карактеристики.
По меѓусебно негативно искуство, тој не сака да остане во Атина и покрај отказот што неодамна му беше врачен на турскиот стручњак.
Тој би можел да има идеален нов почеток во Валенсија, бидејќи системот на Педро Мартинез неодоливо потсетува на оној во кој Шортс играше кај Тијаго Сплитер во Париз.
На бековските позиции, клубот од Пиринеите моментално ги има Бранку Бадио, Омари Мур, Дариус Томпсон и Серхио де Лара, ако се земе предвид дека преселбата на Монтеро во Пиреја е извесна.
Read the full article at Makfax →