Спорт
Откриено e зошто Меси плачеше – се огласи семејството
Објавено пред
30 минути
- 18 јуни, 2026
Семејството на Лионел Меси во четврток потврди дека таткото на аргентинската ѕвезда, Хорхе, има здравствени проблеми.
Во соопштение семејстото се осврна на гласините што кружат за здравјето на Хорхе, негирајќи информации што не дојдоа директно од официјални канали.
„Тој моментално е под медицински надзор, се опоравува и напредува во својата состојба“, соопшти семејството.
Меси беше преплавен од емоции по првиот гол во победата над Алжир (3:0), подоцна објаснувајќи дека солзите произлегле од работи што не се поврзани со фудбалот.
„Зошто плачев? Тоа беше нешто сосема надвор од фудбалот. Поминав низ тешки денови, но сум благодарен на целата делегација и на моите соиграчи затоа што тие секогаш беа покрај мене, давајќи ми сила да ми помогнат да го надминам тоа“, рече Меси.
Foto/ Depositphotos
Спорт
(Видео) Реми што никому не му одговара – Чешка и Јужна Африка освоија по еден бод
Објавено пред
35 минути
- 18 јуни, 2026
Репрезентациите на Чешка и Јужна Африка го отворија второто коло на Светското првенство. На стадионот во Атланта, во рамките на А групата, овие две селекции одиграа без победник 1:1. Претходно во првото коло Јужна Африка убедливо беше поразена од Мексико (0:3), а Чесите загубија од Јужна Кореја (1:2).
Чесите почнаа агресивно од самиот почеток и создадоа две шанси во првите две минути. Иницијативата вроди со плод веќе во шеттата минута, кога Хложек одлично соработуваше со Садилек, а играчот од средниот ред на Чешка ја погоди мрежата на Јужна Африка со прецизен удар.
Африканците се ослободија од притисокот во 12-та минута, кога Аполасис се обиде со шут од далечина, но топката заврши во надворешниот дел од мрежата.
Во продолжението на првиот дел, Јужна Африка имаше неколку ветувачки напади кои не го загрозија сериозно голот на Чешка, но покажаа дека африканската селекција може да биде многу опасна.
По паузата за освежување, Чешка повторно ја презеде контролата. Јужноафриканските фудбалери ја загубија топката длабоко во својата половина во два наврати, но европската селекција не успеа да ги казни грешките на противникот.
Почетокот на второто полувреме го одбележаа Чесите. Дарида и Черв беа првите што се заканија, а потоа Патрик Шик шутираше директно кон јужноафриканскиот голман по корнер.
Чесите продолжија со нападите, а Крејчи имаше нова можност во 53-та минута, кога се обиде со глава по корнер, но без успех.
Со текот на времето, Чешка се повлекуваше сè повеќе и се фокусираше на одржување на минимална предност, а за тоа придонесоа и промените кај тренерот, кои јасно покажаа дека приоритет стана одбраната на сопствениот гол.
Казната дојде во 83-та минута. Топката го погоди Павел Шулц во раката во шеснаесетникот, а Тори Пенс без двоумење покажа кон пеналот.
Одговорноста ја презеде Тебохо Мокоена, кој беше сигурен од 11 метри и му донесе голем бод на својот национален тим.
Во судиското продолжение од второто полувреме, двата тима имаа шанса за победа. Прво, Провод се закани за Чешка, но не успеа да го совлада голманот на Јужна Африка, а од другата страна, Макопо имаше одлична шанса да го комплетира пресвртот, но остана непрецизен.
Чешка повеќе ќе жали за пропуштената победа. Во поголемиот дел од натпреварот, таа беше подобар противник, создаде повеќе шанси и се чинеше дека го контролира натпреварот, но одлучи да се повлече прерано. Јужна Африка трпеливо чекаше на својата шанса, ја искористи на крајот заслужено стигна до првиот бод на Светското првенство.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Неверојатни слики од Њујорк – Никс ја слават титулата
Објавено пред
1 час
- 18 јуни, 2026
Илјадници навивачи на Њујорк Никс, облечени во сини и портокалови дресови, се собраа во центарот на градот за да го прослават освојувањето на титулата во НБА. Никс во финалната серија со 4:1 го победија Сан Антонио, ја освоија втората титула во клупската историја, прва по 1973 година.
По целата улица „Чрч“, која се протега паралелно со рутата на парадата, навивачите палеа џоинти, пиеја виски и пиво, пред очите на збунетите и бројно помали полицајци.
Просторите за гледање на парадата веќе беа пополнети во 8:30 часот наутро, пред парадата која започна точно во 10:00 часот.
Меѓу луѓето беше и Зохран Мамдани, градоначалникот, кој со право предвиде дека ова ќе биде една од најголемите прослави што градот некогаш ги видел.
ALL LOVE FOR NEW YORK 🫶
Josh Hart hopped off the float to embrace fans and take selfies with them! pic.twitter.com/J5Kl8wt5a7
— NBA (@NBA) June 18, 2026
Мамдани беше виден како ужива во друштво на Карл-Ентони-Таунс, додека неговиот соиграч Огугуа Ануноби беше во толпата и разговараше со навивачите, држејќи го шампионски трофеј и шише текила.
This shot.
THE KNICKS HAVE NEW YORK CITY BUZZING 🥹 pic.twitter.com/eLJlbGHOwr
— br_betting (@br_betting) June 18, 2026
Присутни се и долгогодишните познати фанови на Никси, Спа…
Read the full article at Makfax →