Македонија
Поголем дел од Центар утре без вода, како и делови од Општина Гази Баба
Објавено пред
5 минути
- 19 јуни, 2026
Поголем дел од Центар утре ќе остане без вода, а намален притисок или без вода ќе има од Автокоманда до Камник.
„Ве известуваме дека поради дефект на затварачи на водоводна линија на бул. Крсте Мисирков и Кеј Димитар Влахов, ЈП Водовод и канализација -Скопје ќе превземат одредени технички зафати кои ќе се одвиваат 20.06.2026 година (сабота). Прекин на водоснабдување на ден 20.06.2026 година (сабота) ќе има од 09:00 до 22:00 часот, на следните улици и објекти:
– Објектот на МАНУ
– Основен Суд 2
– Младински Културен Центар
– Универзитетска Библиотека
– Универзитет Св. “Кирил и Методиj”
– Трговски Центар Мавровка
– Дел од Турска Чаршија
– Саат Кула
– Ул. Петар Ѓеоргиев
– Ул. Отокар Кершовани
– Улица Адвокатска
– Бул. Крсте Мисирков (Дел)
– Крњево
– Македонска Телевизија
– Ист Гејт
– Автокоманда ниска зона до Камник намален притисок или можност за прекин на вода“, соопшти РЦУК Скопје.
фото/Depositphotos
Македонија
Одржана јавна расправа по Предлогот на закон за игрите на среќа и за забавните игри
Објавено пред
1 час
- 19 јуни, 2026
На денешната, 68-ма седница на Комисијата за финансирање и буџет се одржа – „Јавна расправа по Предлогот на закон за игрите на среќа и за забавните игри“.
Седницата ја отвори претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, пратеничката Сања Лукаревска, која ги информираше присутните за начинот на работа и текот на јавната расправа. Таа упати поздрав до сите учесници и им се заблагодари на претставниците на надлежните институции, засегнати страни, експерти од областа, асоцијации, здруженија на граѓани за нивното присуство и учество во расправата. По воведното обраќање, претседателката на Комисијата ѝ даде збор на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, која го образложи Предлогот на закон за игрите на среќа и за забавните игри.
Министерката, во своето обраќање ги образложи целите на донесувањето и примената на овој закон, кои се изразени преку потребата од спречување на сивата економија во областа на игрите на среќа со стекнување на сигурност и доверба кај учесниците во игрите на среќа и нивна заштита (пред се на младата популација), заштита на приредувачите особено од нелојалната конкуренција, легализација и контрола на паричните текови во оваа област и остварувањето на интересот на државата.
Со Предлогот на закон се врши прецизно дефинирање на игрите на среќа и забавните игри, класификација на игрите на среќа, пропишување на специфичностите на управната постапка за издавање и одземање на правото на приредување на игрите на среќа и забавните игри, контролата врз приредувањето, прекршочните одредби, како и одредување на намената на приходите остварени од приредувањето на игрите на среќа и забавните игри.
По образложението на Законот од страна на министерката се отвори широка и конструктивна дебата, во која присутната јавност детално ги искажа своите мислења, ставови, забелешки и сугестии во однос на предложените законски решенија. Учесниците активно се вклучија во дискусијата, при што беа разгледани различни аспекти од примената на Законот, неговите очекувани ефекти и можните предизвици при имплементацијата.
По исцрпувањето на листата на пријавени за збор, претседателката Лукаревска им се заблагодари на присутните за активното учество и плодната дискусија по предложеното законско решение. Таа истакна дека во натамошната собраниска постапка ќе бидат поднесени соодветни амандмани, со цел унапредување на текстот на законот и обезбедување поквалитетно и поефикасно законско решение во интерес на граѓаните.
Македонија
Викендот сончев и топол, попладне услови за локална нестабилност
Објавено пред
1 час
- 19 јуни, 2026
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени.
За време на викендов, претпладне времето ќе биде претежно сончево и топло со мала локална облачност, а во попладневните часови ќе има услови за појава на краткотрајна локална нестабилност. Од почетокот на работната седмица во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Read the full article at Makfax →